Wednesday, May 15, 2013

Напречно-пругасто мускулно ткиво



Познато е и како скелетно, бидејќи влегува во градбата на мускулите кои го покриваат скелетот. Клетките на напречно-пругавото ткиво се долги (5-12)цм со цилиндрична форма со рамни краеви, кои имаат способност да контрахираат. Поради големата должина се наречени мускулни влакна. Имаат волева контракција, односно контракцијата зависи од нашата волја.
Мускулното влакно се состои од:
- сарколема -тоа е тенка мембрана која го обвиткува мускулното влакноч
-саркоплазма- е дел од цитоплазмата, богата со хранливи материи, електорлити Ca++ i Mg++, ATP и креатин фосфат, како енергетски извори. Содржат најголем број митохондрии кои продуцираат енергија за работата на мускулите.
-миофибрили- се тенки влакна (1мм), сместени се во саркоплазмата и се одговорни за контракцијата на мускулното влакно. Содржат два тима контрактилни протеини : актин(потенки) и миозин (подебели). Актинот и миозинот се наизменично распоредени во паралелни линии, под микроскоп даваат слика на светли и темни зони.
-јадра-повеќебројни се и сместени се под сарколемата.


No comments:

Post a Comment